fbpx

Довербата во нашата работа ги прави родилките похрабри

„Среќна сум што ја работам најубавата и најхумана професија. И кога би имала нов избор во животот, повторно би избрала да бидам акушерка!“ вака ја почна својата приказна Снежана Катниќ, која работи во Родилните сали на „Аџибадем Систина“ уште од самото отворање на болницата.

Нема поголема благодарност и среќа за мене од оној момент кога мајката ќе ме прегрне по породувањето и ќе каже - Благодарам. Вие сте мојот ангел!

„Неопислив е тој единствено ист момент во животот на жената, кога за првпат се смее, а нејзиното дете плаче. Но, тоа не може да се опише со зборови! Кога по болка и грчеви ја гледаш силата на трудницата во моментот кога раѓа и по тоа, гледајќи го своето дете, во миг исчезнува сета болка. Во еден миг сè се претвора во неизречива радост и среќа. Како за мајката така и за акушерката“, вели Снежана.

Трпението е главната одлика на секоја акушерка

„ Мојот професор по акушерство при предавањата често велеше - трпението е една од основните вештини кои треба да ги поседува во работата една акушерка.  Породувањето е еден долготраен процес кој подразбира создавање блискост со трудницата и акција во вистински момент. Значи треба времето да го одработи своето. На крај од целата приказна секоја акушерка ќе биде задоволна. Ние сме тука да ја подготвиме и помогнеме среќно и задоволно да го донесе на свет своето дете. И на крај од породувањето, да имаме среќна и задоволна мама. “ вели Снежана Катниќ, акушерка.

Љубовта кон професијата е клучна

„Акушерката мора да има јако изразени комуникативни вештини, стручност, исполнета со љубов према професијата, да биде емпатична и има големо разбирање за трудницата. Од една страна, мора да размислуваш и професионално, а од друга страна користиш емоции за да го направиш најдоброто за трудницата. Секоја акушерка треба да работи на себе, на својата лична изградба, а самодовербата расте со искуството и задоволството од секоја  трудница. “ вели Снежана Јовановска, акушерка.

„Акушерката мора да биде добра во комуникација затоа што добар дел од нејзината работа вклучува психолошка поддршка. Посебно е важно сталожено да комуницира со пациентките и со членовите на нејзиното семејство во околности кои за нив се со висок степен на напнатост, исчекување, нервоза. Акушерката мора да разбира што бременоста, породувањето и новороденчето значат за секоја жена и нејзиното семејство исто така мора да биде свесно за разните реакции, чувства и расположение кои можат да се менуваат пред, за и по породувањето. Акушерката мора да биде стручна и способна да ги изведува интервенциите кои се во делокруг на нејзината работа, да соработува со  членовите на тимот и да препознае проблем кој ги надминува нејзините надлежности. Акушерката затоа постојано мора да се едуцира и надоградува. “ вели Снежана Јовановска.

Довербата на мајката е најголемиот подарок за нас

Со нежност и топлина ја здобиваш довербата и ја правиш похрабра секоја мајка. Тие убави моменти не им се случуваат само на нив туку и јас учествувам во нив.

Нема поголема благодарност и среќа за мене од оној момент кога мајката ќе ме прегрне по породувањето и ќе каже - Благодарам. Вие сте мојот ангел! Моментот на првиот плач на новороденчето и насмевката на мајката се најсветлиот момент во породувањето.

За да се работи како акушерка треба првенствено да се сака работата, да се поседува огромно чувство на одговорност и трпение, затоа што  во прашање се животот на мајката и животот на детето.

Се гордеам со нашиот тим

„Сите акушерки во „Аџибадем Систина“ се со долгогодишно искуство и стручност во работата. Постојано се надградуваат и едуцираат со цел на трудницита да ѝ го направиме овој убав чин уште поубав, спокоен и среќен, затоа што раѓањето на детето се памети целиот живот, а ние сакаме тој момент да остане како најубав спомен.“ вели Снежана Јовановска.