fbpx

Среќен роденден Ирис

Ова мало прекрасно девојче се вика Ирис и денес го слави првиот роденден.

„Ирис се роди на 29 декември 2015 година во 34 гестациска недела. Благодарение на најдобрите доктори Д-р Александар Бојаџиев кој ја донесе на свет Ирис, и Д-р Симонида Спасевска која се грижеше за здравото напредување на Ирис, како и на целиот персонал на Аџибадем Систина, Ирис сега ќе го слави првиот роденден и ќе ја дувне свеќичката на својата роденденска торта. Искрена благодарност до сите.“ ни напиша мама Кристина.

И благодариме на Кристина за прекрасните фотографии. Среќен роденден на малата Ирис од целиот тим на Acibadem Sistina BABY.