fbpx

Дедо Мраз му посака добредојде на Даријан

Кога ќе се родите во декември, сè се одвива во духот на новогодишната магија. Малиот Даријан кој има само 4 дена веќе го запозна Дедо Мраз. На оваа средба подеднакво се радуваше и неговата осумгодишна сестричка Николина.

Семејството Вељановски заедно со новиот член денеска си заминаа дома каде сите заедно ќе ја дочекаат новата 2017 година. Честитки за родителите Радмила и Ристе.

„Голема благодарност до најдобриот д-р Павле Димчев и акушерката Снежана Јовановска кои на свет го донесоа мојот Даријан“ вели мама Радмила.