fbpx

Најголемиот број трудници со гестациски дијабет немаат никакви забележливи знаци и симптоми на болеста. Токму затоа кај речиси сите бремени жени треба да се направи скрининг за гестациски дијабет во периодот од 24. до 28. гестациска недела. Мал број  жени имаат низок ризик за гестациски дијабетес, па затоа не мора да бидат тестирани. Во таа група на жени спаѓаат жени под 25 години, со телесна тежина во здрави рамки, без историја за дијабет во фамилијата, кај кои никогаш немало покачено ниво на шеќер, кои не родиле бебе со поголема родилна тежина  и доколку во претходната бременост немале компликации во бременоста што се асоцирани со дијабет.