fbpx

Асистирани репродуктивни техники

Асистираните репродуктивни технологии во поопшта смисла ги претставуваат сите возможни методи кои можат да се применат врз репродуктивната состојба на индивидуите со цел постигнување на бременост и раѓање на способен жив плод. Во потесна смисла на зборот под терминот “асистирана репродукција“ се подразбираат група на методи за контролирана оваријална хиперстимулација (controlled ovarian hyperstimulation - COHS), фоликуларна пункција и аспирација, со последователно вонтелесно оплодување ( постојат две методи : ин витро фертилизација (IVF)- класичен облик и Ин витро фертилизација со инјекција на сперматозоиди во цитоплазмата на јајце клетката ( ICSI) и ембриотрансфер (ЕТ) во матката или трансфер на гамети или зиготи во tuba uterina, како и криопрезервација на ткива, човечки гамети или ембриони.

Со други зборови АРТ не е еднозначен термин само за ИВФ, како што често се прави. Тука се вклучени и инсеминационите техники (со или без претходна индукција на овулацијата, со семената течност од сопругот или од донор), како и хормонската терапија, и лечењето на машкиот фактор, оперативното лекување на бројни заболувања итн. Општо земено, репродуктивната медицина е една многу сериозна, обемна, мултидисциплинарна, сложена и авангардна област. Во неа работаат доктори по гинекологија - акушери, андролози, ендокринолози, биолози, ембриолози, хирурзи, лаборатории итн.

На Одделот за асистирана репродукција во „Аџибадем Систина“  достапни се сите најсовремени методи на АРТ кои резултираат со висок процент на успешност. Нашиот тим, денес може да се гордее со над 7000 реализирани ИВФ циклуси од кои на свет дојдоа преку 3000 новороденчиња. По повеќе од една деценија професионална посветеност во намерата да создадеме среќни семејства, можеме да кажам дека сме горди на секојдневните  успешни резултати кои се вистински доказ за нашето второ име – Лидери во асистирната репродукција во регионот.