fbpx

На 23 март на четиригодишниот Матеј му се исполни најголемата желба. Мама Ана на свет ја донесе малата принцеза Марта. Семејството Георгиевски не ја криеше радоста, велат сега кога се побогати за уште еден член во семејството можат да кажат дека се комплетни. За д-р Митко Ивановски, кој се грижел за двете бремености на Ана, велат дека е најдобриот и најпосветен доктор. „Тој е единствениот доктор на кој можев да му ги доверам моето и здравјето на Марта. Му благодарам за грижата и професионалноста“, вели Ана.