fbpx

Свест: Препознава кога сликовницата е свртена наопаку. Знае да сврти една по една страница.

Говор: Сака да слуша едноставни приказни. Почнува да води разговор и употребува зборови за да изрази чувство или идеја.

Фини движења: Може да облече чевли, но левата ја става на десната нога и обратно.

Груби движења: Лесно менува положби од седење во стоење и обратно. Во детско игралиште сака да си игра со сите реквизити.

Хранење: Им носи чаша на возрасните кога е жедно

Облекување: Чевлите сè уште ги облекува на погрешна нога.

Извршување задачи: Се обидува да го стави појасот на седиштето во автомобилот со помош на родителот.