fbpx

Раст и развој на детето 25-29 месеци

Свест:  Го сфаќа концептот за број (едно куче, две кучиња) и процесот на класификација (мачката е животно).

Говор: Речникот забрзано се збогатува и детето почнува да комбинира зборови за да формира реченици од три-четири збора. Почнува да употребува заменки како што е „ЈАС“. Почнува да прашува „ЗОШТО“ . Внимава што зборуваат другите, без оглед на тоа дали му е упатено нему.

Совет: За да го привлечете неговото внимание изберете книги во кои предметите можат да се покажат или допрат.

Фини движења: Ги координира движењата на раката, прстите и дланката. Отвора капачиња, завртува клопчиња и одвиткува подарок завиткан во хартија.

Груби движења: Постојано е во движење. Сака да игра брканица. Се лизга на тобоган, се ниша и трча низ игралиштето. Вози малечок велосипед. Оди на прсти и може да стои на една нога. Бои скали и скока од последната скала. Скокањето во место сè уште е напор за него и бара поразвиена координација. Ставот на телото се подобрува со зајакнувањето на мускулатурата.

Хранење: Треба да му се сервира сè што јадат другите членови на семејството. Чоколадите не смеат да се злоупотребуваат како поткуп да се заврши оброкот.Најчесто децата на оваа возраст кажуваат за тоалет, но можни се и грешки.

Спиење: Може да спие во голем кревет. Треба да има регуларно време за одење во кревет вклучувајќи ги ритуалите како што се бакнеж за добра ноќ или приказна пред спиење.