Добредојде Калина
На 14 јули и посакавме добредојде на малата Калина Сивакова, второто дете на Катерина и Благој. На денот на заминувањето дома, се запознавме со целото семејство, а најголем впечаток ни остави тригодишниот Мартин кој целото внимание го насочи кон малата сестричка. Мама Катерина ќе има голема помош во грижата на Калина. Честитки за убавата вест.
