fbpx

Малата дама Ника

Тамара и Владимир Петковски деновиве во „Аџибадем Систина“ станаа родители по трет пат. По двајцата палавковци Алек и Леон, на 19 јули мама Тамара ја донесе на свет малата дама Ника, па отсега покрај количките и авионите на братчињата, мама и тато ќе купуваат и барбики. Ника ја донесе на свет д-р Јован Костадинов. Честитки за радосната вест.