Добредојде Массимо
На 16 јули на свет дојде и малиот Массимо, првата среќа на Магдалена и Џанмикеле. Пред да заминат дома, изразија благодарност до целиот тим на Аџибадем Систина, посебно до докторите кои се грижеа за бременоста и за Массимо во првите денови од неговиот живот.
„Сакам да се заблагодарам на мојот доктор Митко Ивановски, кој се грижеше за мојата бременост и д-р Снежана Тимчева која го донесе на свет Массимо. Немам зборови за професионалноста и на педијатарот д-р Душко Фидановски кој се грижеше за мојот Массимо. “ вели Магдалена.



