fbpx

NICU хероите на „Аџибадем Систина“

Првите месеци од животот овие мали борци го поминаа на Одделот за неонатална интензивна нега, борејќи се за секое ново утро. Денеска се веќе големи дечиња со милион детски желби и немирен дух.

Родителите велат дека неизвесноста за животот и здравјето на нивните предвремено родени деца сега е веќе спомен. Денес сите заедно се потсетивме на моментите на заедничката борба за животот. Заедно успеавме! Секој на свој начин. Медицинскиот тим со својата експертиза, родителите со нивната поддршка и верба, децата со нивното храбро срце и желба за живот. Затоа тие се нашите херои.

„Горди сме што како болница и како Оддел за интензивна нега успеваме да ги надминеме предизвиците кои со себе ги носат предвремено родените деца. Среќни сме што денеска имавме можност заедно да го одбележиме Светскиот ден на предвремено породување и што испративме порака до сите родители дека заедно можеме да постигнеме  успешни резултати во растот и развојот на овие деца. Им благодариме за поддршката и за вербата во нашиот тим. Одделот за неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина“ располага со најсовремена апаратура за следење на предвремено родени деца и критично болни деца.  Досегашните резултати се само потврда на ескпертизата, знаењето и условите за работа во овој Оддел“ изјави Д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот за педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.