На Денот на вљубените се роди Алексеј
Му посакавме топло добредојде на малиот Алексеј, кој е доказ на љубовта на Елена и Жарко. Избра на свет да доjде на Денот на вљубените за да ја зацврсти љубовта на своите родители. Па освен љубовта, од следната година на овој ден ќе слават и роденден.
„Огромна благодарност до целиот тим на 'Аџибадем Систина'. Овде го доживеавме најсреќниот миг – раѓањето на Алексеј. Ѝ благодариме и на д-р Гордана Петровска за професионалноста, достапноста и позитивната енергија. Морам да признаам дека предавањата за трудници се најдоброто нешто за сите идни родители. Не пропуштив ниту едно од нив, и подготвена го дочекав Алексеј. Многу совети, размена на искуства и дружење – топло ги препорачувам на сите идни родители“ – изјави Елена.
https://acibademsistinababy.spine.mk/dete/34-majkite-raskazaa/863-aleksej-andreevski#sigFreeId5f4468aedb