fbpx
По 29 дена на Одделот за неонатална интензивна нега малите Теодор и Теодосиј Петкови си одат дома. Мама Мери и тато Митко со возбуда ги очекуваа малите борци  да си заминат заедно дома. Се родиле на 12 мај, со тежина од 1370 и 1410 грама, во 31. гестациска недела. На свет ги донесе д-р Александар Бојаџиев, кој бил одговорен и за цела бременост.
„Му благодариме на д-р Александар Бојаџиев и на целиот тим од Одделот за неонатална интензивна нега за посветеноста и професионалноста во работата. Интензивната нега беше првиот дом за нашите мали херои, а сега по 29 дена ги носиме во нивниот вистински дом. Дома сè е подготвено за малите близнаци“ – велат родителите.
Теодор и Теодосиј имајте безгрижно детство и уживајте во љубовта од мама и тато.