fbpx

Најчестите прашања и дилеми за ИВФ

Пациентите кои размислуваат за ин витро оплодување, имаат безброј прашања и дилеми околу постапката и од тоа што да очекуваат. Во продолжение прочитајте ги одговорите на најчестите прашања од оваа област.

Што претставува ИВФ?

Тоа е постапка во која јајце клетката се оплодува (фертилизира) со сперматозоидот надвор од телото на жената во лабораториски (ин витро) услови. ИВФ е метод на избор при болест на јајцеводите, како и при значајно намален број или лош квалитет на сперматозоидите во семената течност. Истата се применува и кога се работи за донација на јајце клетки или сперматозоиди. ИВФ се применува кога останатите другите методи за забременување на жената се исцрпени.

Дали има ограничувања за време на ИВФ циклус?

 Ограничувања има, но повеќето се однесуваат на некои животни навики:

  • Цигари: Hајдобро е да прекинете со пушењето најмалку 3 месеци пред да почнете со ИВФ циклус. Бројни студии покажале дека пушењето за време на бременоста резултира со раѓање на бебе со мала родилна тежина.
  • Алкохол: Алкохолот и дрогата треба да се избегнуваат за време на бременост и третманот за неплодност.
  • Лекови: Ако земате други лекови ве молиме известете го вашиот лекар.

Колку време е потребно за пронаоѓање и земање на јајце клетка?

Процесот на пребарување на јајце клетки е прилично брза постапка. Времетраењето зависи од тоа колку фоликули има жената и каква е достапноста на јајчниците. Достапноста значи колку лесно може да се дојде до јајчниците со ултразвучна сонда, без разлика дали тие имаат тенденција да се движат подалеку од сондата. Обично процесот трае од 20- 30 минути.

Дали е болна постапката?

Оваа постапка се изведува со анестезија, додека пациентката спие. Предноста е што нема да чувствувате никаква болка или стрес, ниту, пак, ќе се сеќавате на постапката. Како несакан ефект по будење од анестезијата може само да биде благо гадење и повраќање.

Дали оваа процедура ќе ги оштети јајчниците?

Без страв, нема да ги оштети вашите јајчници. Постојат многу жени кои досега ја извршиле оваа процедура. Јајчниците и во иднина ќе бидат одговорни за стимулација на про- изводство на нови јајце клетки и вие можете да реализирате бременост во иднина.

Дали по пронаоѓање на јајце клетката ќе крварам?

Вагинално крварење не е невообичаено по пронаоѓање јајце клетка. Најчесто ова крвавење е заради иглата со која е пунктирано во вагиналниот ѕид. Најчесто крварењето трае многу кратко и не е обилно.

Дали е нормално да се добие јајце од секој фоликул?

Не мора да значи. Докторите обично земаат повеќе јајце клетки со различна големина. Некои фоликули ќе имаат незрели јајца или презреани, кои не можат да се идентификуваат, па тие фоликули се сметаат за празни.

Колку ембриони се доволни?

Во првите 2 обиди, максимум 2 ембриони.

Што после трансферот на ембрионот?

 На денот на пункција на фоликулите и ембриотрансферот потребен е одмор. Во периодот кој следи се применува хормонска терапија (прогестерон) и не постојат посебни ограничувања во однос на движењето и работните обврски. Сексуалните односи се забранети сè додека не се утврди дали настапила бременост. По извршување на ембриотрансферот треба да се избегнува потешка физичка работа, затоа најдобро земете одмор, а следниот ден продолжете со секојдневните активности. Ако постои зголемен ризик од оваријална хиперстимулација, треба да земете неколку дена одмор.

Дали постои возрасно ограничување за спроведување на методот?

Не постои возрасно ограничување, но треба да се има во предвид дека кај жена над 40- годишна возраст успешноста е значително намалена.

Може ли да се направи нешто за да се подобри квалитетот на ембрионот?

 Не! Ако ембрион е со лош квалитет, бидејќи е генетски абнормален, не постои ништо што може да се направи за да се спаси. Сепак, постојат процедури со кои може да се подо- брат шансите за имплантација на ембрионот.

Што е Assisted hatching?

 За да се имплантира ембрионот во матката мора да се ослободи од зона пелуцида, тенка обвивка која што го опкружува ембрионот. Процесот при кој ембрионот се ослободува од зона пелуцида се вика hatching. Овој процес може да биде олеснет на тој начин што непосредно пред ембрио трансферот се прави тенок отвор на зона пелуцида. Во „Аџибадем Систина“ оваа процедура се работи со помош нa најсофистициран ласер за assisted hatching.

 Дали веднаш по ИВФ може да се направи тест за бременост?

Се препорачува тестот за бременост да се направи по 12. ден од ембрио трансферот, бидејќи кај некои жени HCG (хормон во урината или крвта) ќе биде позитивен за неколку дена, додека кај другите е потребно повеќе време.

Дали постојат ограничувања на бројот на вештачки оплодувања?

 Нема ограничување во можноста за повторно спроведување на постапката. Статистиката вели дека поголем број на парови – двојки добиле позитивни резултати од ИВФ по вториот обид.

Дали бременоста со вештачко оплодување е ризична?

Бременоста како резултата на вонтелесно оплодување не е со зголемен ризик поради самата постапка. Ризикот произлегува од возраста на пациентката и евентуално претходно заболување.