Лара – новото поглавје во книгата на семејството Спасиќ
На 5 ноември Марија и Југослав почнаа да пишуваат ново поглавје во нивната книга наречена семејство. Нов и носечки лик во приказната сега е малата Лара.
„Нашата втора среќа, Лара, на свет ја донесе вистински стручњак д-р Златко Палчевски. Секоја мајка би посакала да биде во раце на ваков професионалец, позитивна и комуникативна личност. Вистински пример за сите доктори во нашето здравство. Секако ‘Аџибадем Систина’ има перфектни услови и услуги, како и врвен тим од акушерки и медицински персонал. Ви благодариме на сите“ – истакна Марија Спасиќ.
Во главната улога покрај Лара ќе биде и нејзиното две и полгодишно братче Алексеј. Гордите родители велат дека д-р Палчевски двапати досега ги направил најсреќни. Посакуваме нивната книга да биде магична и чудесна, а нивните главни ликови да прераснат во вистински херои. Добре дојде Лара!
https://acibademsistinababy.spine.mk/6-nedela/34-majkite-raskazaa/847-lara-spasikj#sigFreeIdfb6cd02072