Д-р Лазаревски за една година го исполни мојот долго посакуван сон
29 октомври е најсреќниот ден во животот на Ристана и Ванчо Ѓорѓиеви од Охрид. По долгогодишни обиди за потомство, неколку неуспешни инсеминации и ин витро циклуси, среќата им се насмевнала. Долго време биле во потрага по доктор кој ќе го реши нивниот проблем, сè дури на интернет не ги прочитале најубавите коментари за д-р Слободан Лазаревски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Пред 16 месеци првпат оствариле комуникација со докторот, за кон крајот на октомври годинава во рацете да држат две слатки и мали бебиња, Стефан и Стефанија.
Скромен доктор, кој работи со дела
„Пребарувајќи низ интернет прочитавме многу позитивни искуства што семејствата ги имале со д-р Лазаревски. Решивме да ја пробаме среќата и со овој доктор. Скромен човек, кој не зборува многу, но работи со дела, ете таков е нашиот д-р Лазаревски. Среќни сме што и ние се уверивме дека тој е најдобар. Првпат се запознавме во јуни 2018 година, а сега во рацете ги држиме Стефан и Стефанија“ – објаснува со насмевка на лицето 53-годишната Ристана.
По успешната ин витро постапка, бременоста продолжила да ја следи д-р Гордана Петровска. Среќното семејство објаснува дека нивната судбина била во рацете на најдобрите.
За следење на бременоста беше задолжена најпозитивната докторка
„Бременоста ми ја следеше д-р Гордана Петровска. Најпозитивната и најстручна докторка која досега сум ја запознала. Постојано достапна и смирена ми влеваше сила и надеж дека сè ќе заврши како што треба. Би сакала да ги охрабрам сите парови никогаш да не се откажуваат, со добар медицински тим до себе и силна волја сè е возможно. Не постојат граници и пречки за поколение. Стефан и Стефанија внесоа огромна радост во нашите животи и, верувале или не, нè подмладија. Се чувствуваме толку прекрасно“- вели Ристана.
Стефан и Стефанија се родија во 35. недела од бременоста, со родилна тежина од 2770 и 2270 грама.
https://acibademsistinababy.spine.mk/6-nedela/34-majkite-raskazaa/845-stefan-stefanija-gjorgjievi#sigFreeId55e02cb7b1