fbpx

Со голема возбуда и солзи радосници мама Павлинка и тато Милоје денеска со брзање се упатија кон Одделот за неонатална интензивна нега во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Ова е нивниот најрадосен ден, по 48 дена поминати на интензивна нега малиот Лука денес ќе си оди заедно со нив дома.

„Дома е подготвено сè за Лука, со нетрпение го очекуваме! Од преголема возбуда и среќа, цела ноќ не можевме да заспиеме. Им благодариме на целиот тим кој безрезервно и посветено се грижеше за нашиот Лука, нашата прва среќа“ – објаснуваат среќните родители, кои ниту за миг не го тргаа погледот од својот син. 

Лука Дујниќ се родил на 22 декември 2015 година во 27. гестациска недела, со родилна тежина од 1160 грама. На свет го донела д-р Ирена Шуплиновска Јордановска, гинеколог- акушер, а за неговата здравствена состојба се грижел д-р Антони Христовски, педијатар. Радоста и приврзаноста кон Лука не ја криеја и медицинските сестри и докторите кои изминатиот период се грижеа за малиот убавец.

Лука, тимот на Acibadem Sistina Baby ти посакува безгрижно детство!