fbpx

Фудбалерот на ФК „Хоризонт Турново“, Сашко Пандев, брат на фудбалската легенда Горан Пандев, доби син во „Аџибадем Систина“. На 18 март малиот Христијан на свет го донесе д-р Никола Панчевски, кој се грижеше за целата бременост на Ивана.

„Ви благодариме за сè што направивте за нас. Посебна благодарност до нашиот доктор Никола Панчевски и до целиот тим во Аџибадем Систина“, изјавија среќните родители.

Уживајте во првите фотографии на Христијан Пандев.