Карло е новиот член на семејството Пениќ. Мама Мабела и тато Ивица со заеднички заклучок, 5 февруари е нивниот најсреќен ден! „9 месеци бев во сигурни раце, сè е поедноставно кога и дома имаш доктор кој ти е достапен во секое време. Имам среќа што мојата мајка Елизабета Атанасовска-Матевска е гинеколог, па имаше одговор на секое мое прашање, грижливо ме водеше низ секоја недела од бременоста и детално ми објаснуваше за секоја промена што се случува. А сите добро знаат колку многу прашања имаат трудниците, особено ако тоа им е прва бременост.
Му благодарам и на д-р Панчевски, кој на свет го донесе Карло. Ова за нас беше прекрасно искуство, благодариме за тоа „Аџибадем Систина“- изјави Мабела.
Драг Карло, добре дојде во нашето големо Acibadem Sistina Baby семејство. Ти посакуваме безгрижно детство и многу насмевки.
https://acibademsistinababy.spine.mk/alatki-mob/34-majkite-raskazaa/871-toplo-dobredojde-za-maliot-karlo-noviot-chlen-vo-semejstvoto-penikj#sigFreeIdda9761d2ba