fbpx

Зборувајте со децата за патувањето:  Планирајте го патувањето заедно со вашето дете, понекогаш тоа е побитно од самото патување. Набавете мапа и неколку фотографии од дестинацијата кон која патувате. Доколку се доволно зрели, дозволете им самите да си ја одберат облеката која ќе ја носат на патувањето. Колку подобро ќе ги вовлечете децата во овој процес, толку повозбудливо ќе им биде патувањето.

Понесете само еден куфер: Олеснете си го патувањето и не земајте премногу работи со вас. Доволни ви се вашиот куфер и куферот на вашето дете.

Подгответе храна: Голема е веројатноста на вашето дете да не му се допадне оброкот во авионот кој му следува. Затоа, подгответе му го на вашето дете омилениот оброк.

Земете нови списанија, книги и играчки: Новите играчки и шарените книги можат лесно да му го одвлечат вниманието на вашето дете за време на летот.

Понесете слушалки, музички плеери и електронски таблети:  Овие направи се скроени за долги дестинации. Детето има можност да гледа филмови, да слуша музика и да игра игри.