fbpx

Сѐ започнува со идејата да се има бебе. По извесен период одлучувате дека е вистинското време за бебе. Потоа престанувате да ги пиете антибеби пилулите и чекате. Можеби ќе помине месец или два. Сè уште не сте бремени. Почнувате да станувате загрижени.

Нема потреба. Два месеци не се воопшто загрижувачки период.

Доколку се обидувате да забремените 12 месеци и имате помалку од 30 години тогаш треба да посетите репродуктивен ендокринолог и специјалист за неплодност. Доколку имате повеќе од 35 години, најдобро е да посетите специјалист по 6 месеци пробување.

Пред овој период не постои причина да бидете загрижени.

Еден просечен пар има 20 до 25 проценти шанса да зачнат во кој било месец, додека речиси две третини од двојките ќе забременат во првите 6 месеци. Жените над 35 години може да имаат повеќе потешкотии со забременувањето бидејќи квалитетот и квантитетот на нивната јајце клетка може да се промени во оваа фаза.

Консултирајте се со доктор доколку ги имате следниве симптоми додека се обидувате да забремените:

-          Нередовни и многу болни менструални периоди

-          Болки во карлицата

-          Претходна хируршка интервенција на карлицата

-          Диабетес и општи здравствени проблеми

Доколку сте сосема здрави и не можете да зачнете во период од една година, тогаш посетете доктор со цел да ги утврдите можните причини за неплодност.

-         Женска неплодност – Една третина од времето додека пробуваат жените имаат проблем со забременувањето. Тоа се должи на разни проблеми со кои се соочуваат, од типот на блокирани јајцеводи, ендометриоза или овулациски нарушувања.

-          Машка неплодност – Една третина од времето мажите  се соочуваат со проблемите од типот на производство на малку или воопшто сперма, како и сперма која не е доволно подвижна (нема способност да се придвижи до јајцеклетката).