fbpx

Основни методи во лекување на машкиот стерилитет

Репродуктивната способност на мажите почнува околу 16. година од животот. По  45.  година доаѓа до намалување на фертилноста (иако има случаи мажи постари од 80 години да зачнат деца). Неплодноста (инфертилитетот) кај мажите може да биде предизвикана од повеќе причини како што се: коитални проблеми, аномалии на сперматозоидите, нарушувања во развојот на тестисите, пенисот и уретрата, ендокринолошки фактори (болести на тиреоидната жлезда, дијабетес), имунолошки фактори, уро-генитални инфекции (венерични болести, хроничен простатитис, заушки, бруцелоза, туберкулоза...), физички повреди, прекумерно конзумирање кафе, алкохол, никотин, марихуана, “тврди наркотици“, употреба на медикаменти (пр. хемиотерапија), присуство на варикоцели и хидроцели во скоталната кеса.

Основните методи во лекувањето на машкиот стерилитет се :

  1. Хируршки методи (подразбираат најчесто реконструктивни операции, варикоцелектомии, балон дилатации и сл.). Истите се изведуваат со отворена хирургија или по ендоскопски пат при определени заболувања на тестисите или семеноводите.
  2. Хормонална терапија на некои форми на азоспермија или олигозооспермија.
  3. Искуствено и симптоматско лекување (со витамини и олигоелементи, билни препарати, антибиотици, метилксантини итн)
  4. Со примена на асистирани репродуктивни техники како што се:

А) AIH (Arteficial insemination husband) - инсеминација на спермата на мажот која се применува при: мал волумен на ејакулатот, мал број на сперматозоиди, негативен посткоитален тест, импотенција, зголемена вискозност на спермата и сл.

Б) AID ( artefitcial insemination donor) - инсеминација со сперма од донор која се применува кај случаи со азоиспермија, олигоастеноспермија, ејакулаторни проблеми, наследни болести и сл.

В) IVF ( in vitro fertilizacija)

Г) ICSI ( intracitoplasmatic spermal inclusion) и други техники.