fbpx

Насмевки за Бојана

Бојана, тато Бојан и мама Розика се членовите на семејството Ристевски од Скопје со кои заедно ги споделивме последните моменти од престојот во Аџибадем Систина.

„Аџибадем Систина е местото каде ја доживеав најголемата среќа и благодарна сум на секој од вас кои допринесовте за тоа. Посебно сум благодарна на мојот доктор Златко Палчевски кој ја донесе на свет Бојана“ вели Розика.

Ова се нивните први семејни фотографии направени во нашето катче кое дополнително го разубавија мечињата на Бојана.