fbpx

Фудбалерот Пандев стана татко во „Аџибадем Систина“

Фудбалерот на ФК „Хоризонт Турново“, Сашко Пандев, брат на фудбалската легенда Горан Пандев, доби син во „Аџибадем Систина“. На 18 март малиот Христијан на свет го донесе д-р Никола Панчевски, кој се грижеше за целата бременост на Ивана.

„Ви благодариме за сè што направивте за нас. Посебна благодарност до нашиот доктор Никола Панчевски и до целиот тим во Аџибадем Систина“, изјавија среќните родители.

Уживајте во првите фотографии на Христијан Пандев.