fbpx

Вие сте тим од акција

„Во ниту еден момент од овие 42 дена не помисливме дека сме сами. Иако сме од Битола и не можевме да бидеме постојано тука, секој наш повик беше добредојден и добивавме одговор на секое прашање за здравјето на нашата Марија. Вие сте вистински тим од акција, предвреме екипирани и подготвени за секој предизвик“, вели Виданка, која на 27 февруари се породи во 29. недела од бременоста во „Аџибадем Систина“.

Ќе се вика Марија

Со оглед на патолошката и неизвесна бременост, Виданка го одбрала името Марија поврзано за светата мајка Марија.  За бременоста се грижела д-р Гордана Петровска, која за нив претставува голем професионалец и доктор од доверба. На 27 февруари, во 29. недела од бременоста на Виданка, се роди Марија со тежина од 1.400 грама. Веднаш е префрлена на Одделот за неонатална интензивна нега.

По 42 дена Марија заминува дома

Соочена со сите предизвици на предвремено родените деца, Марија 42 дена растеше и се развиваше на Одделот за неонатална интензивна нега. Тимот педијатри на чело со д-р Симонида Спасевска и целиот тим  медицински сестри се грижеа Марија да ја добие најдобрата нега и да порасне доволно голема за да може да замине во прегратките на мама и тато.

Денеска мама Виданка и тато Васко заминаа дома за заедно да се радуваат на заедничките моменти во растењето на двете деца, осумгодишниот син Владо и малата Марија.

Уживајте во фотографиите кои сведочат дека вреди да се борите за вистинската среќа.