fbpx

Сестричката ќе се вика Николина

Никола реши сестричката да го носи неговото име, па малата убавица ќе се вика Николина. Николина ја донесе на свет д-р Слободан Дракулевски, за кој мама Дијана и тато Игор велат дека е нивен спасител.

„Голема благодарност до д-р Дракулевски. За него ги имаме најубавите зборови бидејќи е нашиот спасител. Благодарност и до целиот тим за прекрасниот третман и грижа за нас“ велат среќните родители.