fbpx

Се роди Евангелија

Двегодишната Анастасија и малата Евангелија се најголемата гордост за мама Андријана и тато Стоислав. Двете принцези се родени во „Аџибадем Систина“, а за нивниот раст и развој во стомачето на мама се грижела д-р Гордана Петровска. Имавме чест да се запознаеме со семејството Ѓорѓевски пред да заминат во својот дом во Тетово.

Нè поздравија со насмевка на лицето и искажаа благодарност до целиот тим кој се грижеше за мама Андријана и Евангелија.