fbpx

Лука и Јован си одат дома

Денеска се поздравивме со братчињата Лука и Јован родени во 30. гестациска недела. За нив се грижеше тимот од Одделот за неонатална интензивна нега предводен од д-р Антони Христовски. По престојот во „Аџибадем Систина“ Лука и Јован се веќе доволно големи и силни да си одат дома.

„Благодарни сме на целиот тим на болницата. Почнувајќи од стручноста на д-р Бобан Сарџовски кој на свет ги донесе моите ангелчиња, професионалноста на д-р Христовски и целиот тим на доктори и медицински сестри“ велат среќните родители Александра и Далибор.

Уживајте во фотографиите на семејството Стефановски заедно со тимот од Одделот за неонатална интензивна нега.