
Три и пол часа по полноќ, кога сите со радост и среќа ја дочекаа новата година, Едона и Адиљ Џамбази станаа горди родители. На првиот ден од годината се роди нивното второ дете, на кое му го дадоа името Селам.
Ова мало бебенце е првороденото бебе во Скопје во 2017 година. Едона добила болки вечерта на 31 декември и се упатила во „Аџибадем Систина“, а по само неколку часа, со спонтано породување на свет го донесе Селам.
„Селам е најубавиот новогодишен подарок за нас. Очекувавме да се роди на почетокот на јануари во предвидениот термин, но секако дека е изненадување тоа што се роди вечерта, за Нова година. Ова е досега најубавата Нова година за нас. Сакаме да упатиме посебна благодарност до д-р Александар Бојаџиев, кој на свет го донесе нашиот син“, велат родителите на Селам.
Ни претставува чест што годинава за првпат од отворањето на акушерскиот оддел, првото новороденче во Скопје е родено токму во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Му посакуваме топло добредојде на нашето првенче годинава. Со задоволство ги очекуваме новите бебиња во нашето BABY семејство, кое секојдневно брои нови членови.
https://acibademsistinababy.spine.mk/dete-mob/34-majkite-raskazaa/632-selam-dzambazi#sigFreeIdd4ae059b57
