7. месец
Свест: Може да сортира играчки, како на пример коцки по големина.
Говор: Може да направи неколку звуци во еден здив. Препознава различни звуци.
Меморија: Ја подобрува меморијата со играње „криенка” и со набљудување како другите доаѓаат и си одат.
Фини движења: Плеска со рацете. Се радува кога удира два предмета еден од друг. Дофаќа играчка со една рака.
Груби движења: Може да ја пренесе за неколку секунди тежината на нозете. Почнува да се подига во седечка позиција буткајќи се со раце.
Хранење: Да се внимава на воведување храна која може да доведе до алергиска реакција (брашно, кравјо млеко, јајца, риба, чоколадо, риба и бобинкасто овошје)
Сетила: Видот му станува се поостар. Го лоцира изворот на звукот веднаш.
Спиење: Обично е цврсто. Спиењето може да биде прекинато поради глад или болка.