
Со мама Цветанка се запознавме уште во почетоците на бременоста. Редовно ги посетуваше нашите едукативни предавања за бременост каде заедно со останатите идни родители учеше како да има здрава и сигурна бременост. Особено ни е драго што денеска повторно се сретнавме, овој пат со целото семејство Јовановски. Од 9.ти јануари Цветанка ја доби најважната улога – стана мајка на малиот Даријан. Ова се нивните први семејни фотографии.
„Благодарност до целиот тим, посебно до мојата докторка Гордана Петровска која се грижеше за мене и Даријан. Бременоста беше одлично искуство за мене, а информациите кои ги добивав на едукативните предавања во „Аџибадем Систина“ ми помогнаа многу да научам и да ја зголемам самодовербата за претстојната улога на мајка.“ вели Цветанка.
https://acibademsistinababy.spine.mk/novosti-2/34-majkite-raskazaa/425-darijan-jovanovski#sigFreeIdafc55a1772
