fbpx

„Ова се докторите кои за мене се вистински херои. Д-р Снежана Адамоска заради својата професионалност, смиреност и верба и во најтешките моменти од мојата бременост, а д-р Александар Сајковски кој со својата врвна експертиза го порасна моето предвремено родено бебе во здраво и среќно дете.“

Вака го започнавме разговорот со Катерина која посака првиот роденден на малиот Марко да го прослави со докторите кои го сторија невозможното за денеска таа да се радува на животот.

На роденденот на Марко со роденденска торта дојдоа во Аџибадем Систина за се заблагодарат на докторите и заедно да го прослават овој ден.

Среќни сме што заедно го одбележавме еден од најважните денови на семејството Здравеви од Скопје. Покрај Марко, најсреќен беше и бато Андреј кој истотака е роден во Аџибадем Систина. И благодариме на мама Катерина и тато Иван за прекрасната торта и роденденското изненадување.