Предавање за нега на новороденче
На вчерашното предавање д-р Станка Танчева, педијатар ги објасни најосновните принципи за правилна нега на новороденче. Присутните идни мајки имаа можност да слушнат совети за грижа на кожата, папочната врвка, оптимална температура во собата за престој, техники на бањање и уште многу други корисни информации поврзани за доењето. По предавањето, д-р Танчева одговараше на прашањата на трудниците.
Оваа среда сите присутни добија подарок од нашите пријатели од Ewopharma. Следното предавање на тема нега на кожа во бременост ќе се одржи на 22. Февруари (среда) со почеток во 19:00 часот. Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани идни мајки.
https://acibademsistinababy.spine.mk/5-nedela/33-novosti/654-predavanja-nega-na-novorodence#sigFreeIdee3946fe96