fbpx

Се роди Неда, првата среќа на Олгица и Јован

На 23 март се роди Неда, првата среќа во семејството Стрезоски од Скопје. Честитки за Олгица и Јован кои станаа горди родители на малата принцеза. За бременоста се грижеше д-р Гордана Петровска, која остави голем впечаток кај среќната мајка.

„Доктор Петровска е вистински професионалец и со голема доверба ја препуштив мојата бременост во најдобриот гинеколог. Благодарност до целиот тим што се грижеше за мене и Неда“, вели Олгица.

Со Олгица се запознавме уште на самиот почеток на бременоста, на едукативните предавања каде заедно со другите идни мајки се информираше како да има безбедна бременост и да биде подготвена за новата улога. 

Уживајте во првите заеднички фотографии на Неда, мама и тато кои зрачат со топлина и љубов.