fbpx

Пред заминување од Аџибадем Систина, мама Жаклина и Бисера нѐ пречекаа во собата исполнета со многу играчки, барбики и кукли кои семејството Николоски ги купи за новиот член. Осум години по раѓањето на нивната ќеркичка Марија семејството доби нова причина за радост. Осумгодишната Марија е пресреќна бидејќи доби сестричка, а за името оставила да одлучи мама.

„Презадоволна сум од престојот и целата грижа тука. Посебно сакам да и се заблагодарам на д-р Снежана Адамоска бидејќи е најпрофесионална и одговорна. Ви благодарам за сѐ“ го сподели Жаклина искуството во Аџибадем Систина.