fbpx

Ви го претставуваме малиот Јован кој на почетокот на декември донесе неизмерна среќа и радост во семејството Ставрови. Шест години по раѓањето на Драган, Снежана и Благоја сега ќе се потсетат на обврските кои ги бара грижата за бебе. Овој пат во грижата за Јован ќе помага и братчето Драган. Јован на свет го донесе д-р Златко Палчевски.

Уживајте во фотографиите на уште едно среќно семејство.