fbpx

„Толку мала, а толку голема радост ни донесе“, беа првите зборови со кои семејството Селим ја сподели најубавата вест за раѓањето на својата ќерка.

За бременоста на мама Рита се грижеше д-р Гордана Петровска, кон која упати голема благодарност.

„Пресреќни сме, ѝ благодарам на д-р Петровска за професионалноста и грижата за мене и за Алаи. Убаво е чувството да се биде мајка, а благодарение на прекрасниот тим, сè заврши одлично и денес сме горди родители. Немам зборови со кои би сакала да ја истакнам и својата благодарност до најдобрата докторка Станка Танчева. Пресреќни сме и презадоволни“, велат Анди и Рита.

Уживајте во прекрасните семејни фотографии на Алаи, Рита и Анди.