На 30 октомври се роди малиот Алексеј, а најрадосна за неговото доаѓање на свет беше маалата Јоана, која со нетрпение чекаше да го запознае својето братче. Среќата за втората принова не ја криеjа и Христина и Мики Цветковски. Како за малата Јоана, така и за Алексеј се грижеше д-р Бобан Сарџовски, доктор за кого од родителите слушнавме само пофални зборови.
„Голема благодарност до сите вработени на oдделот родилни сали за беспрекорната професионалност и љубезност. Но, нашата најголема благодарност би сакале да ја изразиме за д-р Сарџовски за целокупната грижа во текот на целата бременост“- истакнаа гордите родители.
Добредојде Алексеј во нашето големо Acibadem Sistina Baby семејството.Ти посакуваме безгрижно детство и многу насмевки.
https://acibademsistinababy.spine.mk/bremenost-po-nedeli-mob/34-majkite-raskazaa/781-aleksej-cvetkovski#sigFreeId88f9330ac7