fbpx

Едукативно предавање - Да го одржиме доењето ЗАЕДНО

                                      

Ве покануваме на едукативниот настан за доење во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на 7 август со почеток во 19:00 часот. Д-р Станка Танчева, педијатар ќе ви ги посочи сите предности на доењето и незаменливата улога на мајчиното млеко. Марина Штерјовска, мед. сестра едукатор за доење ќе ви ги покаже сите техники за полесно доење.

Нашите специјални гости на предавањето, мајките Катарина Ивановска, Тамара Тодевска и Гордана Клинчарова, преку своите искуства ќе ве охрабрат да продолжите со доењето и да уживате во најубавата улога на секоја мајка.
Подароци за сите вас подготвија нашите BABY пријатели.

Задолжително најавете го вашето присуство на 02/ 30 99 500. Со задоволство ве очекуваме.